Адвокат
Марија Спиреска

Адвокат Марија Спиреска е родена 1978г. во Скопје.

Средно образование завршува во 1997година во гимназијата ,,Никола Карев,, во Скопје, и се запишува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на кој дипломира во 2002 година.

По дипломирањето се вработува како адвокатски приправник во канцеларијата на Адвокат Ефто Спироски во Скопје и активно се вклучува во сите тековни предмети од областа на граѓанското право, кривично право и управно право. Паралелно со работењето во адвокатската канцеларија, во 2003година и во 2004година волонтира како приправник и во Основниот суд Скопје 2 Скопје во сите судски оддели.

По положување на правосуден испит во надлежност на Министерство за правда на РМ, добива адвокатска лиценца и станува член на Адвокатската комора на РМ, па продолжува да работи како самостоен адвокат заедно со Адвокат Ефто Спироски.

Адвокат Марија Спиреска пружа правна помош во сите области на правото, особено правно советување и застапување на правни и физички лица во областа на граѓанското право, имотно правни односи, облигационо правни односи, семејно право, застапување во сите парнични постапки на територија на цела држава, како и застапување во управни постапки пред надлежни институции, правен консалтинг на трговски друштва во различни области,  застапување согласно FIDIC договор за градење, работа во областа на спортско право и други области на правото.

За нас

На нашите клиенти им нудиме професионални, стручни и навремени правни услуги кои се темелат на взаемна доверба и почитување на највисоки етички стандарди. Посветени сме на темелно и ефикасно решавање на секој проблем преку пронаоѓање на вистински правен модел со цел да ги заштитиме правата и интересите на странките.
Знаењето, стручноста и одговорноста се основа за квалитет на нашите адвокатски услуги.

Адвокат
Виктор Спирески

Адвокат Виктор Спирески е роден 1990година во Скопје.

По завршувањето на средно образование во гимназијата ,,Орце Николов,, во Скопје, се запишува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломира во 2011 година и истата година се запишува на мастер студии.

Пред завршување на мастер студиите, се вработува како адвокатски приправник во канцеларијата на Адвокат Ефто Спироски во Скопје и со посебна посветеност почнува да работи на кривично-правна материја и активно учествува во тековни кривични предмети. Мастер студии завршува во 2013 година.

Во текот на 2014година и 2015година покрај приправничката работа во адвокатската канцеларија, паралелно волонира и во Основниот суд Скопје 2 Скопје во граѓанскиот оддел.

По одраборување на приправничкиот стаж положува правосуден испит во надлежност на Министерство за правда на РМ и добива адвокатска лиценца, па во 2016 година станува член на Адвокатската комора на РМ и продолжува да работи како адвокат со Адвокат Ефто Спироски и Адвокат Марија Спиреска.

Адвокат Виктор Спирески пружа правна помош и застапување на правни и физички лица во сите области на правото со посебен акцент на застапување во кривични постапки,  во парнични постапки со заштита на правата на странките во облигациони односи, трговско право, семејно право, управно право, како и застапување пред надлежни државни органи во управни постапки.

Адвокат Марија Спиреска

Адвокат Марија Спиреска е родена 1978г. во Скопје.

Средно образование завршува во 1997година во гимназијата ,,Никола Карев,, во Скопје, и се запишува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на кој дипломира во 2002 година.

По дипломирањето се вработува како адвокатски приправник во канцеларијата на Адвокат Ефто Спироски во Скопје и активно се вклучува во сите тековни предмети од областа на граѓанското право, кривично право и управно право. Паралелно со работењето во адвокатската канцеларија, во 2003година и во 2004година волонтира како приправник и во Основниот суд Скопје 2 Скопје во сите судски оддели.

По положување на правосуден испит во надлежност на Министерство за правда на РМ, добива адвокатска лиценца и станува член на Адвокатската комора на РМ, па продолжува да работи како самостоен адвокат заедно со Адвокат Ефто Спироски.

Адвокат Марија Спиреска пружа правна помош во сите области на правото, особено правно советување и застапување на правни и физички лица во областа на граѓанското право, имотно правни односи, облигационо правни односи, семејно право, застапување во сите парнични постапки на територија на цела држава, како и застапување во управни постапки пред надлежни институции, правен консалтинг на трговски друштва во различни области,  застапување согласно FIDIC договор за градење, работа во областа на спортско право и други области на правото.

Адвокат Виктор Спирески

Адвокат Виктор Спирески е роден 1990година во Скопје.

По завршувањето на средно образование во гимназијата ,,Орце Николов,, во Скопје, се запишува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломира во 2011 година и истата година се запишува на мастер студии.

Пред завршување на мастер студиите, се вработува како адвокатски приправник во канцеларијата на Адвокат Ефто Спироски во Скопје и со посебна посветеност почнува да работи на кривично-правна материја и активно учествува во тековни кривични предмети. Мастер студии завршува во 2013 година.

Во текот на 2014година и 2015година покрај приправничката работа во адвокатската канцеларија, паралелно волонира и во Основниот суд Скопје 2 Скопје во граѓанскиот оддел.

По одраборување на приправничкиот стаж положува правосуден испит во надлежност на Министерство за правда на РМ и добива адвокатска лиценца, па во 2016 година станува член на Адвокатската комора на РМ и продолжува да работи како адвокат со Адвокат Ефто Спироски и Адвокат Марија Спиреска.

Адвокат Виктор Спирески пружа правна помош и застапување на правни и физички лица во сите области на правото со посебен акцент на застапување во кривични постапки,  во парнични постапки со заштита на правата на странките во облигациони односи, трговско право, семејно право, управно право, како и застапување пред надлежни државни органи во управни постапки.

Адвокатски услуги

Адвокатски услуги

01.

Облигационо право

– Состав на сите видови на преддоговори и договори (договор за продажба, договор за дар, договор за закуп, договор за распределба на имот за време на живот, договор за доживотна издршка, договор за дело, ортаклак, отстапување на побарувања, превземање на долгови и други видови договори)

– Правно советување на правни и физички лица во врска со склучување на сите видови на договори,

– Застапување во постапки за наплата на долгови и во спорови за надомест на штета

– Застапување на трговски друштва кои работат во областа на градежништвото

– Сите видови на правни услуги за заштита на правата на клиентите кои ги регулира Законот за облигациони односи

02.

Кривично право

– Oдбрана на обвинети лица во кривична постапка пред сите надлежни органи (во истражна постапка, на главна расправа и во постапка по правни лекови);

– Oдбрана на обвинети лица во прекршочна постапка пред сите надлежни органи;

– Поведување на постапка и застапување на оштетени лица во рамки на кривична постапка;

03.

Семејно право

– Застапување во постапки за развод на брак, спорови за издршка на деца, спорови за доверување на деца, утврдување на татковство и сите видови на постапки за заштита на правата на клиентите пред Центар за социјални работи и други институции кои вршат надзор врз работата на истите

– Заштитита и застапување во постапки за семејно насилство

– Застапување во постапки за извршување односно присилно предавање на дете, присилна наплата на издршка за дете, застапување во кривични постапки кои произлегуваат од сторени кривични дела за неплаќање на издршка, одземање малолетник, семејно насилство и други кривични дела

– Постапки за регулирање на видувања на родители со деца за територија на Р. Македонија и за родители кои живеат надвор од Р. Македонија

– Советување во областа на Семејното право

04.

Сопственост и други стварни права

– Застапување во постапки за заштита на сопственоста, како и сосопственоста, заедничката сопственост и етажна сопственост

– Советување и застапување на физички лица во постапки за делба на имот стекнат во брак,

– Застапување на сопственици на станбен и деловен простор во станбено-деловни објекти согласно Закон за домување,

– Застапување во постапки за уредување на меѓи, граници, навлегување во туѓа недвижност и заштита на сите други видови соседски односи

– Застапување во постапки за заштита на правото на првенствено купување на сосопственички и заеднички дел од сопственост

– Заштита на владение со застапување во сите постапки во кои е повредено истото,

– Утврдување на службености во вонпарнична постапка

– Состав на договори со укнижување на хипотека врз недвижен имот или рачна залога

05.

Трговско право

– Регистрација на сите видови на трговски друштва, здруженија и фондации за домашни и странски физички и правни лица согласно закон

– Застапување на трговски друштва и други облици на здружување во постапки пред Централен регистар на РМ, како и заштита на нивните права согласно Законот за едношалтерски систем

– Застапување на трговски друштва во управни спорови пред Управен суд на РМ

– Застапување на основачи на трговски друштва во постапки за пренос на удели со и без надомест

– Основање на претставништва на странски правни лица во РМ

– Застапување на трговските друштва во парнична постапка, кривична постапка, вонпарнична постапка и управна постапка

– Сите видови на правни услуги за трговски друштва во областа на градежништвото, заштита на животна околина и застапување пред надлежни институции

– Заштита на правата на доверители во стечајна постапка

06.

Наследно право

– Застапување во постапка за судски тестамент,

– Состав на договор за дар во случај на смрт,

– Поведување и застапување на физички во оставински постапки пред надлежен нотар,

– Поведување на оставинска постапка за дополнително пронајден имот,

– Застапување во парнични постапки кои произлегуваат од спорни имотно-правни односи по основ на наследство

– Советување на физички лица за заштита на правата на нивни наследници од прв наследен ред и наследници по странична линија

07.

Спортско право

– Застапување на сите професионални спортисти во сите спортови пред домашни надлежни федерации и државни органи, како и пред федерации на ниво на Европа и светско ниво во поединечни спортови,

– Состав на сите видови договори за професионално занимавање со фудбал, ракомет, кошарка и други спортови согласно Законот за спорт

– Регистрација на акционерски друштва и здруженија согласно Законот за спорт

– Правни услуги на спортисти од спортови кои согласно Светската антидопинг организација WADA подлежат на допинг контроли

– Застапување на спортски клубови и национални спортски федерации регистрирани согласно Законот за спорт

08.

Извршно право

– Застапување во постапки за присилно извршување по извршни исправи

– Застапување на физички и правни лица во судски постапки против налози за извршување

09.

Управно право

– Застапување на физички и правни лица за заштита на нивните права пред управните органи (Општини, Јавни установи, Агенција за катастар на недвижности и сите државни институции)

10.

Парнична, кривична и управна постапка

– За заштита на правата и интересите на странките, истите ги застапуваме во парнична постапка, кривична постапка, вонпарнична постапка и управна постапка ,на територијата на целата држава.

Историјат

Во чест и сеќавање на нашиот татко, голем учител и колега,
Доајенот на македонската адвокатура, Адвокат Ефто Спироски

Адвокатската канцеларија ја основаше нашиот татко, Адвокат Ефто Спироски, во 1988 година во Скопје, во која со огромен ентузијазам започнавме да работиме по дипломирањето. Љубовта кон адвокатурата е плод на неговото богато искуство како судија во Кривичен оддел на Општинскиот суд Скопје 1 Скопје, судија во Граѓанскиот оддел, истражен судија, извршен судија во истиот суд, а потоа и судија во Окружниот суд Скопје.

Адвокат Ефто Спироски, роден на 03.01.1951 година во Гостивар, кој почина на 26.01.2019 година во Скопје, беше еден од врвните македонски адвокати и правни стручњаци кој со својата посветеност, професионалност, искуство, незапаметен дух и плодна работа врз нас како непосредни соработници пренесе огромно знаење и стручност, а воедно остави силен печат врз македонската адвокатура и целокупниот општествен живот во изминатите четири децении.

Во неговата богата адвокатска кариера, која покрај стручноста ја красеа и неповторливи ораторски способности, се вбројуваат најтешките и најсложени кривични предмети во кои на клиентите им пружаше брилијантна успешна одбрана, а денес се дел од историјата на македонското правосудство.

Првите години по основањето на канцеларијата, истата била најмногу усмерена кон кривичното право, а се работеле и граѓански предмети, посебно сложени сопственички предмети и предмети од област на Семејното право и заштита на децата.

Подоцна, низ годините, преку соработка со клиентите и по нашето вработување во канцеларијата, согласно промените во општеството и развој на приватниот сектор, покрај Кривичното и Граѓанското право, истата се прошири кон работа во областа на Трговско право, Управно право, Спортско право, Заштита на животна средина, застапување и консалтинг на трговски друштва од различни области и особено во градежништвото и други области на правото согласно барањата на клиентите.

Во сите години во кои заеднички работевме и напредувавме, со целосна посветеност на работата, редовно следење на стручната литература и разменување на искуства и знаење, и посебно преку знаењето и искуството кое несебично ни го пренесуваше нашиот татко, создадовме реномирана адвокатска канцеларија која секојдневно се развива согласно актуелни општествени промени. Со тоа се изградивме во адвокати, професионалци во својата работа, темелни и посветени кои преку надградување, стручност и ентузијазам, станавме столб и сигурност за нашите клиенти на кои им е потребна правна заштита во сите области на правото.

Контакт

За сите прашања, можете да нè контактирате
преку деталите наведени подолу.

Адвокат Марија

+389 70 26 26 02
[email protected]

Адвокат Виктор

+389 71 26 26 20
[email protected]

Канцеларија

+389 2 3166605
ул. Аминта Трети 60/5,6